Спасовски: Преодната влада успешно одговори на специфичните предизвици

16

„Преодната влада во заминување во 9 месечен мандат успешно одговори на специфичните предизвици и направи пат за новата политичка влада која ќе продолжи да ја води државата. Во период од скоро 9 месеци за нас, Македонија стана членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ, покажавме одржливост на реформскиот процес, ги оправдавме очекувањата на меѓународните партнери. Тоа е направено преку силна посветеност со која внимателно работевме на политички план и тоа во услови на здравствена и економска криза. Секој нов ден се уште е нов предизвик да се заштити јавното здравје, но почетоците на пандемијата бараа ефиканси и брзи одлуки со кои обезбедивме функцоналност на здравствениот систем. Секој граѓанин и во услови на затворени граници имаше услови да се врати дома, оние кои имаат потреба да змаинат отпатуваа, се уште работиме на нашите цврсти определби, ниту еден граѓанин да не остане без егзистенција, а тука е поддршката и за бизнисите, сетот економски мерки, домашни платежни картички и ваучери за домашен туризам“, изјави Спасовски.

Во мандатот на техничката влада беа спроведени и парламентарните избори, што потенцираше Спасовски е заеднички успех на сите.

„Во услови на пандемија одржавме фер и демократски избори, на кои граѓаните слободно го направија својот избор и ја дадоа поддршката за прогресивната опција. Во услови кога и покрај сите заложби невидливиот пријате одзема човечки животи, секој верувам, а и јас истото чувствуваме дека ќе можеме да се израдуваме на успесите кога ќе заврши оваа пандемија, која коси кај нас и во светот. Нашите заеднички успеси се нашиот ветар во грб, мотивација да стоиме исправени. Секој знае дека нема лична среќа, без заедничка. Овааа прес конферњенција ја посветеив на сработеното и да се заблагодарам на сите оние кои дадоа се од себе за да ги постигнеме овие резултати“, изјави Спасовски.