Спајк Ли ќе биде првиот црномурест претседател на жирито во Кан

12

Американскиот филмаџија Спајк Ли ќе го предводи жирито на годинашниот, 73. Кански фестивал и организаторите се надеваат дека „провокативниот режисер малку ќе ги протресе работите“ на собирот на светската филмска елита.

„Почестен сум што станав прва личност од африканската дијаспора на оваа престижна позиција“, изјави Ли, кој минатата година го освои првиот оскар, за најдобро сценарио за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.

Организаторот на фестивалот Тјери Фремо вели дека изборот на првиот црномурест претседател на жирито не е политичка одлука, туку порака на универзалност. Голем дел од филмовите на Ли беа прикажани во Кан, а „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“ лани ја доби главната награда на жирито.

„Кога ми се јавија, бев шокиран, среќен, изненаден и горд во исто време“, кажа Ли.

Годинашниот фестивал ќе се одржи од 12 до 23 мај.