Спектакуларниот Јокиќ му ја „украде“ победата на Дончиќ во фантастичната пресметка (Видео)

9

Дуелот меѓу Далас и Денвер значеше директна пресметка меѓу разиграните балкански НБА ѕвезди Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, во која на крајот како поуспешен излезе поискусниот Србин кој се покажа како клучен фактор во последните секунди.

Маверикси речиси цел меч го диктираа резултатот и изгледаа како тим кој постојано има контрола за она што се случува на теренот, па дури имаа предност од пет поени на 100 секунди пред крајот на средбата. Сепак, при водство од 106:101 домаќините заредија неколку неуспешни напади, а расположениот Јокиќ го искористи тоа за да изрежира комплетен пресврт. Србинот го даде и одлучувачкиот поен за 106:107, па така се претвори во херој за својот тим со оглед на тоа што имаше сензационално второ полувреме.

Јокиќ постигна 27 од своите вкупни 33 поени во вториот дел, а на истите придодаде уште шест скока и седум асистенции. Од друга страна пак, Дончиќ беше на чекор од нов трипл-дабл со 27 поени, 9 скокови и 10 асистенции, но сигурно Словенецот нема да биде задоволен поради тоа што ги утна своите последни два шута кои можеа да му обезбеда победа на Далас.

НБА резултати:
Бостон – Сан Антонио 114:129
Шарлот – Торонто 110:112
Индијана – Мајами 108:122
Орландо – Вашингтон 123:89
Атланта – Хјустон 115:122
Далас – Денвер 106:107
Њу Орлеанс – Чикаго 123:108
Јута – Њујорк 128:104
Голден Стејт – Милвоки 98:107