Специјалниот пратеник на Кина, Ли Хуи на 16 и 17 мај во посета на Украина

0

 

Кинескиот пратеник Ли Хуи треба да престојува во дводневна посета на Украина од 16 до 17 мај, изјави денеска претставник на украинската Влада.

Ли е официјален специјален пратеник на Пекинг за евроазиски прашања и поранешен кинески амбасадор во Русија. Покрај Украина, Ли ќе ги посети Русија и европски престолнини за време на турнејата за која Пекинг вели дека има за цел да иницира разговори за „политичко решение“ на украинската криза.

Украински официјален претставник одби да даде повеќе детали за посетата на високиот кинески дипломат.