Според навивачите на Реал Мадрид девојката е виновна за лошата форма на нивната ѕвезда

18

28-годишниот Иско не е на нивото кое очекуваа навивачите, па поради тоа не е во преден план кај тренерот Зинедин Зидан. Одигра само 260 минути во шест мечеви на кои доби шанса за игра.

Поради неговата лоша форма која трае подолго време се наоѓа на удар на навивачите на Реал Мадрид. Според нив виновна за ова е неговата девојка Сара Саламо. Таа е позната шпанска актерка и со Иско веќе извесно време е во љубовна врска.

Навивачите на Реал Мадрид ја обвинија дека таа е виновна за неговата лоша форма, бидејќи го натерата Иско на посебен режим на исхрана. Таа е веган, а Иско одлучил да ја поддржи во тоа, па и тој го исфрлил месото од исграната и користи посебни продукти.

На твитер Сара трпи жестоки критики.