Според најновите податоци на Евростат: Бугарите се најсиромашни во Европската Унија

37

Бугарија е најсиромашната држава во Европската Унија (ЕУ), според последните податоци на Евростат кои покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјална благосостојба на домаќинствата.

Најбогат е Луксембург со 35 отсто над европскиот просек, на второто место е Германија со 22 процента.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска ја дочинуваат групата на земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

Таа година, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е на 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска на 66.