СПЦ ја потврди тажната вест: Почина владиката Амфилохиј

31

Во петок, на 30 октомври 2020 година, во 08:20 часот, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на Светата тајна причест, почина најпочитуваниот митропололит црногорско-приморски г. Амфилохиј.

Смртта на митрополитот ја повтрди и Српската православна црква (СПЦ) на својата интернет страница и соопшти дека јавноста наскоро ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на преосвештениот владика.

Во текот на вчерашниот ден во медиумите се појави информација дека починал митрополитот Амфилохиј, но веста беше демантирана од страна на Митрополијата.