СП во ракомет: Србинките ги запишаа првите бодови во втората фаза

8

Ракометарите на Србија славеа со 36-33 против Јужна Кореја во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство во Кумамото.

Србија беше во одлично расположение, особено во првото полувреме кога постигна 21 гол. Најзаслужна за оваа победа беше Јелена Лавко со седум гола, додека Слаѓана Поп-Лазиќ постигна пет гола, исто како и Жељка Николиќ, Трифуновиќ и Лисчевиќ. Кај поразените Рју постигна 10 гола.

За Србија, ова се првите бодови во втората фаза од натпреварувањето, додека Јужна Кореја има два, пренесени од првото коло. Следен натпревар за Србинките е дуелот против Германија, додека Јужнокорејците играат против Норвешка.

Утрово се одигра и дуелот меѓу Русија и Романија во втората група во кој Русинките славеа со 27:18 и сега имаат шест бода, додека Романија е без бодови во втората фаза.