Србинките ја победија Германија со гол по истекот на времето

29

Во исклучително драматичен меч од главната фаза на Светското првенство за ракометарки, Србија ја победи Германија со 29-28 останувајќи во игра за полуфиналето.

Србинките на полувремето имаа предност и од пет гола, но Германките успеаја во вториот дел да дојдат до израмнување во финишот. За да триумфот на Србија следи со гол од пенал по истекот на времето.

Буквално, во последната секунда од мечот беше досуден пенал за Србија а голот од седум метри го постигна Кристина Лишчевиќ за 29-28 и голема победа.

Најефикасна кај Србија беше Драган Цвијиќ со седум гола, додека Јелена Лавко постигна пет гола. Кај Германките најефикасна беше Евгенија Миневскаја со шест гола. За Србија ова е втора победа во главната фаза и сега и натаму е во игра за полуфиналето. За тоа ќе им биде неопходна победа против Данска во последното коло од групната фаза.