Србија денеска воведува нови рестрикции?

6

Директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ утрово за РТС изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот се очекува да се разгледаат и да се донесат построги мерки за индивидуалната одговорност, поради зголемување на бројот на заразени секојденвно, што индицира дека актуелните мерки мерките не се почитуваат.

„Кризниот штаб ќе ги разгледа сите можности, она што е сигурно е дека ќе се обидеме да примениме построги индивидуални мерки што секој од нас треба да ги примени“, рече Јовановиќ која е членка на Кризниот штаб.

Таа не кажа конкретно за какви мерки се работи, но рече дека тоа е „сè што се слуша во јавноста како можност – од ограничување на собири, забрани што се споменуваат како контролни мерки…

Таа, исто така, апелираше за продолжување на имунизацијата, односно сите граѓани да се вакцинираат „што е можно побрзо“.

Последната мерка која беше воведена во Србија беше минатата недела, а тоа беше затворање на сите кафеани и трговски центри од 12 часот во сабота до понеделникот наутро.

Но, бројките на новозаразени и натаму се меѓу 3 и 4 000 дневно, со голем број хоспитализирани. Лекарскиот дел од Кризниот птаб инсистира на затвборање на кафеаните најмалку седум дена за да се види конкретен резултат во намалување на бројката на заразени.

Во меѓувреме, инспекциските служби и натаму откриваат диви дискотеки и кафеани, каде се соббираат голем број главни млади.