Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

13

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија. Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.