Србија се затвора: Посилни рестрикции до понеделник

15

На седницата Кризниот штаб на Србија донесена е одлука за заострување на мерките, од утре почнуваат мерки какви што беа во примена за време на викендот и ќе траат до понеделник. Во текот на тој карантин ќе биде затворено се освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

Премиерката Ана Брнабиќ додаде дека мерките ќе важат пет дена, иако медицинскиот дел од Кризниот штаб побара да бидат 14 дена.

Премиерката рече дека нема да се воведе полициски час и забрана за движење и таа апелираше за максимална дисциплина за овие мерки да не бидат продолжени од следниот понеделник.

„Ова е компромисно решение, разговаравме долго и тешко. Ние продолжуваме да се обидуваме да најдеме најдобра можна рамнотежа помеѓу заштитата на здравствените работници, заштитата на работните места и поддршката на националната економија и менталното здравје. Треба дополнително да го забавиме животот во Србија, со цел да видиме дека бројот на новозаболени стагнира, а тоа првенствено е поддршка на нашите здравствени работници – рече Брнабиќ.

Државните институции продолжуваат да работат.

Во скијачките центри ќе бидат затворени кафулињата и рестораните, а хотелите ќе бидат отворени, но исто така ќе има и построга контрола, а таа додаде дека медицинскиот дел од Кризниот штаб бара да бидат затворени и скијачките центри.