Српската опозиција најавува целосна блокада на зградата на државната телевизија

7

Еден од лидерите на партијата Сојуз за Србија (СзС) Вук Јеремиќ најави дека СзС, неговите активисти и граѓани утре во периодот од 12 до 20 часот ќе ги блокираат сите влезови во зградата на националната телевизија во Белград.

– Бидејќи РТС ја блокира вистината и таа не може да влезе во оваа установа, членовите не СзС, граѓаните и активистите ќе ја блокираат зградата на РТС – рече Јеремиќ, а пренесува „Бета“.

Јеремиќ рече дека станува збор за мирна блокада, дека нема да има насилство и тензии, како и дека ќе бидат подготвени на пристуството на „насилници“.

– Тоа ќе биде блокада за предупредување, со надеж дека новинарите на оваа медиумска куќа ќе започнат професионално да ја работат својата работа – рече Јеремиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека РТС не покажале заинтересираност ниту за еден разговор со свиркачот Александар Обрадовиќ, кој би имал многу што да каже.

– РТС не покажаа заинтересираност ниту за разговор со Марија Лукиќ, ниту со новинарот Милан Јовановиќ на кого му беше запалена куќата, ниту пак со работниците во пошатата – констатира Јеремиќ.

Политичарот од СзС рече дека српското МВР не издало дозвола за собир, иако СзС уредно го пријавиле и дека оттаму им рекле оти дека собирот „не е уредно предложен, бидејќи мора да биде пријавен пет дена однапред“.

– Се прашуваме дали спонтаните собири против опозицијата во Ниш и Лесковац беа уредно пријавени – рече Јеремиќ.