Српски моден креатор киднапирал 19- годишно момче и му се заканувал со убиство

13

Модниот креатор Дарко Костиќ е уапсен бидејќи држел млад човек заробен во својата куќа и му се заканил дека ќе го убие.

На 20.04.2022 година во 02.43 часот пријавено е дека во станот на модниот креатор Д.К на улица „Добрачина“ се наоѓа 19-годишниот Ш.Х., кој на јавувачот Н.Н., му испратил порака дека е заклучен во шпајз и дека Д.К. му се заканил дека ќе го убие. На раскрсницата од улиците Лаза Пачуа и Васина, патролата го затекнала Ш.Х.(2002) кој и пришол на патролата и изјавил дека бил во станот на Д.К., каде по кратка забава Д.К станал агресивен и потоа Ш.Х го фрлил во оставата, па му се заканил дека ќе го убие“, се вели во полициското соопштение.

Третиот основен суд во јуни минатата година го осуди Костиќ на една година домашен притвор за сексуално вознемирување малолетник. Сепак, пресудата не е правосилна, пренесува nova.rs.