Ставрев нареди претепаниот Трајковски да биде донесен во Суд со полиција

9

Судењето за предметот ТНТ е одложено за денеска, а судијата Огнен Ставрев вчера на рочиштето побара екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој не се појави во Судот бидејќи е претепан, да биде донесен со полиција на закажаното рочиште.

Трајковски преку својот адвокат го извести судот дека вчера бил претепан по што со тешки повреди завршил во болница, а случајот беше потврден и од МВР.

Ставрев најпрво побара судењето да продолжи оправдувајќи ја својата одлука со разговорот кој што го имал со докторот кој го примил Трајковски, откако во медицинската документација се констатирало дека Трајковски е во добра општа состојба, но сепак се премисли откако во медиумите беа објавени фотографии на кои може да се види дека Трајковски има сериозни повреди во пределот на лицето.

Рочиштето за случајот Ставрев го закажа со почеток во 9 часот.

Инаку, извори за ТВ24 велат дека екс-градоначалникот додека пешачел во близина на „Ремедика“, во скопкса Железара сретнал две лица кои шетале расно куче, но без маска и им кажал дека се плаши од него., се скарале и тие го претепале.