Стерлинг: Пеналот против Данска беше чист!

5

Репрезентацијата на Англија ја надигра Данска и ја исфрли од полуфиналето на Европското првенство со 2-1. Сепак, црна дамка на овој меч е начинот на кој „гордиот албион“ дојде до предноста во продолженијата, односно спорниот пенал над Рахим Стерлинг.

Крилниот играч влета во шеснаесетникот, Маеле и Јенсен беа околу него и по минимален контакт, Стерлинг „летна“ на земја. Покрај тоа, во акцијата на теренот имаше две топки и мораше да биде прекината, но арбитрите не реагираа иако втората топка беше во непосредна близина на траекторијата на Стерлинг. Играчот сепак смета дека пеналот бил регуларен.

„Ова беше топ перформанс, за кој моравме многу да се потрудиме. Прв пат примивме гол на ЕП, но реагиравме соодветно. Знаевме дека имаме шанса, нашиот квалитет и агресивност, како и силата на тимот се исплатија на крајот. Само прашање на време беше кога ќе ги „скршиме“ во финишот.

Дефинитивно имаше пенал. Влегов во шеснаесетникот, тој ја испружи ногата и пеналот беше чист!“, изјави Стерлинг.

Во финалето Англија ќе се пресмета со Италија, в недела од 21:00 часот на „Вембли“.