Стефан Јанев подготвен повторно да биде технички премиер на Бугарија ако тоа е неопходно

3

Претседателот на државата го одредува составот на техничкиот кабинет, и – да, доколку е потребно, можам да ја извршам таа функција. Тоа го изјави бугарскот технички премиер Стефан Јанев во интервју за телевизијата Нова како одговор на прашањето дали ќе продолжи да биде премиер и во наредниот привремен кабинет.

– Дали изборите ќе бидат два во едно или одделно, во голема мера зависи од одлуката на Парламентот, што ќе ги закаже претседателските избори, изјави Јанев, пренесе БТА.

Тој додаде дека одлуката на претседателот да закаже нови парламентарни избори ќе се базира на одлуката на Националното собрание.

-Организацијата на изборите не е лесен процес и треба да започне доволно рано заедно со ЦИК, рече Јанев. Според него, државата е подготвена да организира избори и 2 во 1 и одделно.

– Проблемите ќе бидат со ЦИК, бидејќи на изборите 2 во 1 ќе има потреба од купување нови машини, ќе има потреба од повторно прилагодување на машините за гласање.