СТИГНА ПРЕСУДАТА: Maнчестер Сити останува во Лигата на шампионите!

22

Манчестер Сити и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите откако Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја поништи одлуката на УЕФА. Да постетиме европската куќа на фудабалот ги исфрли „граѓаните“ од европските купови во период од две сезони, но после жалбата до Судот во Лозана добија зелено светло за настап.

ЦАС одлучи да го врати богатиот Сити во Лигата на шампионите, додека на сила останува финансиската каза која исто така е намалена. „Граѓаните“ треба да платат 10 милиони евра што е многу помалку од првичната казна од 30 милиони евра.

Сити беше казнет за кршење на правилата за Финансиски фер-плеј од 2012 до 2016 година.