Стоев: Мониторингот од ЕУ е гаранција дека Македонија ќе ги почитува договорите

15

Приоритет број еден приоритет ќе биде враќање на довербата и дијалогот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, порача денеска министерот за надворешни работи во привремената техничка влада на Бугарија, Светлан Стоев, за време на промоцијата на неговиот тим.

Одговарајќи на новинарско прашање за разговорите во петокот при посетата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, и шефот на португалскиот шеф на дипломатијата, Аугусто Сантош Силва, бугарскиот министер вели дека мониторингот од страна на ЕУ е гаранција дека билатералниот договор на Бугарија со Северна Македонија ќе биде спроведен.

„Се обидуваме да кажеме јасно, не само на македонската страна, туку и на нашите партнери, дека нашата политика е конзистентна. Предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот. Втората точка на која се работи е враќањето на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што за овие прашање треба да дискутираат земјите-членки на ЕУ и на Бугарија да ѝ се дадат гаранции дека билатералните договори ќе се спроведува во иднина. Овој мониторинг од страна на ЕУ е гаранција дека договорите кои се потпишани и кои треба да се потпишат ќе бидат имплементирани. Ова е стратегијата. Очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република Северна Македонија“, вели Стоев, пренесува БГНЕС.
Тој вели и дека нема несогласување меѓу бугарските институции за прашањето со Северна Македонија. Тој нагласи дека националната позиција е изгласана во парламентот од сите политички сили и нема разлика во позициите на претседателот Румен Радев, Владата и Министерството за надворешни работи.