Стоилковски: Заевизмот во СДСМ продолжува со пиунот Ковачевски

9

Заевизмот продолжува тоа вчера се докажа. Димитар Ковачевски е само пиун, продолжена рака на Зоран Заев кој што сега ќе го спроведува Заевизмот.

Ковачевски ги повторува истите бледи тези како Зоран Заев под плаштот дека ќе ги спроведува истите политики. Истите ветувања на Зоран Заев, од кои ниту едно не е исполнето, сега ги повторува Ковачевски. Тоа вчера и самиот го кажа.

СДСМ не знае понатаму од лагите на Зоран Заев. Зоран Заев прво го промовираше за свој наследник, а потоа му организираше избор со однапред познат резултат.

Ковачевски е иста матрица, и исто како и Зоран Заев и него има низа сомнежи. Зошто Ковачевски и СДСМ се обидуваат за истиот за Ковачевски да продаваат лажна биографија и да фризираат факти?

Димитар Ковачевски мора да одговори дали курсот на Харвард го претставува како факултетска диплома?

Да биде појасно, се работи за платен курс, скап неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува.

Ковачевски исто така треба да одговори како докторирал, како што наведува, во Црна Гора во 2008 година, Докторските студии се пропратени со низа истражувања и друг вид на присуство во земјата на каде што се докторира, а Ковачевски во наведениот период од 2005 до 2008 година е на раководна позиција во Македонски Телеком, оттука се поставува прашањето, дали тој одел на работа или посетувал докторски студии во Црна Гора?

Да потсетам во исто време на докторирање како што пишува Ковачевски, македонски амбасадор во Црна Гора е неговиот татко, поставен од СДСМ?

Почитувани, Не станува збор за никакви нови лица, тоа се истите стари кадри на СДСМ, деца на транзицијата, во чија кариера се провлекуваат многу дамки за кои треба и мора да одговорат. А сега треба да продолжат со спроведување на Заевизмот.

Почитувани, нема полошо за Македонија од СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ