Столтенберг: „НАТО е решително да ја запре војната во Украина“

6

НАТО е решен да ја запре натамошната ескалација на војната во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„НАТО има одговорност да спречи понатамошна ескалација на овој конфликт. Тоа би било уште поопасно и би предизвикало повеќе страдања, смрт и уништување“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Столтенберг додаде дека ги поздравува напорите на Шолц да најде дипломатско решение за војната, вклучително и директни контакти со рускиот претседател Владимир Путин.