Студентите не го препознаваат сексуалното вознемирување

11

Универзитетските професори од битолскиот Правен факултет, Ице Илијевски, Ивона Шушак Лозановска и Ангелина Станојоска промовираа монографија во која се посочени резултати од истражување за „Сексуално вознемирување на универзитетите во Република Северна Македонија“.

Според професорот Илијевски, сексуалното вознемирување претставува сложен и социјален општествен проблем кој е присутен кој е присутен во сите држави и е една од формите на родово засновано насилство, но студентите не го препознаваат сексуалното возменирување и често го поистоветуваат со други видови сексуална деликвенција, додека пак професорката Ивона Шушак Лозановска потврди дека во академски контекст, не постојат класични правни акти на универзитетско ниво.

-Само дел од универзитетите во Северна Македонија, сексуалното возменирување го имаат предвидено во нивните етички кодекси или во правилници, меѓутоа доминираат универзитетите кои оваа проблематика воопшто не ја регулирале во нивните акти или актите не се јавно достапни, а тоа значи дека ги нема. Неопходно потребно е универзитетите активно да се ангажираат во поглед на заштита на студентите од сексуално вознемирување и да пристапат кон изработка и донесување на посебни правилници за заштита од сексуално вознемирување, истакна Шушак Лозановска.

На панел дискусијата во Битола, професорката Ангелина Станојоска посочи дека студентите немаат доверба кон универзитетите да пријавуваат сексуално возменирување затоа што нема соодветна правна рамка за нивна заштита.

-Целите на истражувањето беа насочени и кон превентивните механизми бидејќи сексуално вознемирување постои, но постои една т.н. темна бројка бидејќи поголем дел сепак се изјаснија дека сексуалното вознемирување на го препознаваат. Превентивните механизми се врзани со постоење на правна рамка која ќе ги охрабри студентите да пријавуваат во универзитетот, нагласи Станојоска.

Истражувањето на тема „Сексуално вознемирување на универзитетите во Република Северна Македонија“ се одвиваше 18 месеци и притоа беа опфатени 330 студентки и студенти, посочија истражувачите.