Суарез ги „поздравил“ Куман и Бартомеу со една фотографија (ФОТО)

7

Уругвајската ѕвезда Луис Суарез, кој лани беше набркан од Барселона, стигна до шампионска титула со Атлетико Мадрид во оваа сезона во која постигна 21 гол, па после шампионското славје решил да ги поздрави актуелниот кормилар на Каталонците, Роналд Куман и бившиот претседател на клубот Жозеп Марија Бартомеу, кои беа највиновни за неговото заминување од „Камп Ноу“.

Во хаосот ланското лето, кога Лионел Меси побара да си замине, Суарез беше тргнат настрана и ставен на трансфер-листа, па практично приморан да си оди и на крајот на сезонава се виде каква грешка направиле во Барса, а Уругваецот по освоената титула не можеше да ги скрие солзите.

„Куман ми рече дека ако до утре не си одам, сметал на мене за мечот со Вилјареал, а сосема јасно беше дека одлуката за моето заминување дојде од горе, од луѓето во управата. Тогаш ми стана јасно дека е човек без карактер. Прво ми вика дека не смета на мене, а потоа дека ќе ме стави во тимот ако не си одам. Ни Куман, ни Бартомеу, нити било кој од бившата управа не ми честиташе за титулата. Затоа јас им пратив една мала фотографија за да ги поздравам“, рече Суарез.

Фотографијата која им ја испратил е таа со пехарот во раце во црвено-белиот дрес на мадридскиот гигант.

„Беше многу болно кога Барселона ме присили да тренирам сам, да не сум со екипата и многу патев поради тоа. Барса не ме ценеше, а Атлетико ми ја отвори вратата и јас бескрајно ќе им бидам благодарен, зашто веруваа во мене“, додаде Суарез.