Судењето за Мегународен сојуз почна со доказна постапка- Јовановски облечен во тон

21

Еден од двајцата оштетени бизнисмени во случајот Мегународен сојуз најави дека се приклучува кон кривичната постапка против Боки 13, неговиот татко, неговата соработничка, експратениката Ременски, и Јасна Ерцеговиќ од невладината и бара оштета од 195 илјади евра. Судењето за Мегународен сојуз денеска почна со доказна постапка. Експратнеичката Фросина Ременски со снимка од видеонадозорт во нејзиниот дом ќе докажува дека полицијата незкаонски вршела претрес во нејзиниот дом.

Струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски бара отштета од 195 илјади евра сума која е пониска од онаа во обвинението, според кое Боки 13 го довел во заблуда да му исплати 233 илјади евра. Амзоски се приклучува и кон кривичниот прогон кон сите обвинети (Јовановски, неговиот татко, неговата соработничка, експратениката Ременски, и Јасна Ерцеговиќ од невладината).

Одбраната реагираше дека треба прво да се утврди неговиот статус пред да се прогласи за оштетен поради тврдењето дека тој бил полномошник а не е управител на фирмата Дрим Билдинг, поради што судијката побара да достави до судот дополнителна документација.

Другиот оштетен во предметот Меѓународен сојуз, битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски денеска не беше присутен во судница за не се прозинесе дали и колкао ќе биде неговото имотно побарување. Според обвинението таа сума е 720 илјади евра.

Обвинителката Ивана Трајчева денеска започна со презентирање на писмени докази. На наредните рочишта ќе изведуваат и снимки, пораки, вештачења. Свои докази и сведоци најавува и одбраната. Ременски која се товари дека со својот углед и авторитет го поддржувала Јовановски на средбите со оштетените, рече дека предложила контра докази за да ја побие тезата на јавното обвинителство. Наспроти видеоснимката на обвинителството од претресот на полицијата во нејзиниот дом и експратеничката предлага снимка од видеоадзорот кој бил исклчучен во откако влегле инспекторите додека во домот немало никој.

ЈОВАНОВСКИ БЕШЕ ОБЛЕЧЕН ВО ТОН. МАСКАТА И КОШУЛАТА МУ БЕА ВО ИСТА БОЈА, НО ДОБИ ЗАБЕЛЕШКА ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ДЕКА ЧЕСТО МАСКАТА МУ БЕШЕ СПУШТЕНА ПОД УСТАТА. ТАА ПОБАРА ОД СУДИЈКАТА ДА АПЕЛИРА ДО ПРИСУТНИТЕ ВО СУДНИЦАТА ПРАВИЛНО ДА СЕ НОСАТ ЗАШТИТНИТЕ МАСКИ НА ШТО ТОЈ И ОДГОВОРИ ДА НЕ СЕ СЕКИРА БИДЕЈЌИ ДИСТАНЦАТА МЕЃУ НИВ Е 5 МЕТРИ.

Боки 13 е обвинет за перење пари и измама, дека лажно прикажувал дека на бизнисмените ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција.