Судење за „Рекет“: Камчев со неколку камери ги снимал Боки 13 и Кичеец

12

Зоран Милески, сега веќе осудениот во случајот „Рекет“ во снимките од безбедносните камери кои се земени од домот на Орце Камчев на 20 февруари лани се гледа како излегува од куќата на семејството Камчеви. По некое време се враќа во куќата заедно со Бојан Јовановски. Во друга снимка се гледа како Милески и Јовановски ја напуштаат куќата со торби, а зад нив оди сведокот Јордан Камчев.

– Во 16.10 часот дента се гледа како Милески и Јовановски заминуваат од објектот и влегуваат во возило марка „Тирок“ – рече застапникот на обвинителниот акт, толкувајќи ги снимките кои денеска се прикажуваат во судницата.

На досегашните снимки не се гледа како Камчев ги подготвува парите, ниту пак што има во торбата. На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Јовановски и Јанева, како и од претресот на домот на Милевски.