Судијата објасни: Зошто Ѓоковиќ беше дисквалификуван?

143

Главниот судија на УС Опен, Сорен Фримел образложи која била причината за одлуката, Новак Ѓоковиќ да биде суспендиран откако со топче удри еден од линиските арбитри на мечот против Пабло Карено Буста.

„Постојат два фактора – акција и резултат. Акцијата, иако немаше намера, доведе до резултатот, а тоа е удирање на линискиот судија и фактот дека таа очигледно беше повредена. Тоа се суштински фактори при донесувањето на одлуката. Неговата поента беше дека не ја удрил намерно. Рече: Да, бев бесен, ја удрив топката, но тоа не беше моја намера и затоа не треба да бидам дисквалификуван.

Сите се согласуваме дека тоа не го направи намерно, но фактите се дека удри линиски судија и дека таа очигледно беше повредена“, изјави Фримел.

Тој доби поддршка од Американската тениска асоцијација од каде објавија дека одлуката е во согласност со Гренд слем правилникот.