Судијката Васка Николовска – Масевска ќе им суди на Јанева, Боки и Кичеец

134

Предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска – Масевска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор. бк/аа/