Судијката Димишкова која ја спомнуваа Боки 13 и Камчев, на распит кај Русковска

54

Весна Димишкова, судијката од Кривичниот суд во Скопје, од утрово е повикана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, информира а1он. Нема информации за што е повикана судијката во Обвинителството, но неофицијално, поканата е за истрагата за случајот „Рекет“.

Нејзиното име го спомна обвинетиот Бојан Јовановски во снимката која што ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Јовановски во снимката на Камчев му рече дека треба да се почека Димишкова да почекаат да видат „што ќе напраи до среда“.

„Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ, да те цитирам шо зборевме ја и ти“, му рече Камчев на Јовановски.