Судот во Хонгконг одлучи дека забраната за носење маски на протестите е неуставна

17

Судот во Хонгконг денес ја укина забраната за носење маски за лице, воведена од властите со цел демонстрантите на таа автономна кинеска територија да не можат да го прикријат својот идентитет за да избегнат апсење.

Пресудата наведува дека забраната ги нарушува основните права во поголема мерка отколку што е неопходно.

Забраната за носење маски беше воведена во октомври од страна на владата на Хонгконг, која се повика на специјални овластувања.

Работната недела во Хонгконг денеска започна со повеќе протести кои го нарушија сообраќајот, додека пак училиштата се затворени од безбедносни причини.

И натаму продолжуваат судирите на демонстрантите кој го зазедоа кампусот на Политехничкиот универзитет и полицијата.