Судски епилог на „Јавна соба“: Четири години затвор за детска порнографија на Телеграм

27

Основниот кривичен суд Скопје изрече две казни за случајот „Јавна соба”. Основачот на групата каде се споделуваа порнографски материјали од жени и девојки без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку доби и администраторот Михаил Паневски. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија и се единствените против кои има судска постапка.

Според судот, било потврдено дека детето кое учествува во чин на полово општење во порнографската содржина нема повеќе од 5 години.

Дарко Костовски и Михаил Пановски иако имале обврска да го избришат видеото, не го сториле тоа ниту го банирале членот на „Јавна соба” што го споделил видеото.

Соред обвинителот Владимир Милошевски, обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба”, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.

Обвинителот предложи мерката куќен притовор да се продолжи до издржување казна затвор на обвинетите, поради тоа што можноста за бегство се мултиплицира во конкретниот случај.

Адвокатите на обвинетите на денешното судење побараа за се укине мерката куќен притвор или да биде заменета со друга поблага меркам имајќи предвид дека Костовски и Паневски биле подолго време, односно околу 13 месеци во куќен притвор.

Судот по советувањето донесе решение мерката куќен притвор против обвинетите Дарко Костовски и Михаил Паневски да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од изречената казна затвор, заради тоа што се уште смета дека постои опасност од бегство на обвинетите.

Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2″ е во фаза на предистражна постапка.

Според Овинителниот акт во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата.