Тадиќ: Вучиќ го уништи политичкиот живот

Поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ оцени дека првите проекции на резултатите на парламентарните избори покажуваат дека Александар Вучиќ го уништил политичкиот живот во Србија.

45

Тој кажа и дека единство на опозицијата е можеби невозможно и дека затоа предлага формирање една голема, нова, силна опозициска партија.

Тадиќ во изјавата за Н1 кажа дека ситуацијата во која една партија освојува 62 отсто од гласовите, а следната 10 отсто, следната 4,5 отсто, а сите останати се под цензусот, не е нормална и сведочи за состојбата во која се наоѓа Србија.

„Вучиќ успеа целосно да го уништи политичкото ткиво на Србија“, кажа Тадиќ, оценувајќи дека резултатите од изборите „се рамномерни на начинот на кој Вучиќ ги конципира политичкиот живот, медиумската атмосфера, работата на парламентот, и ги преименува техниките за измамување на граѓаните“.

„Ова е еден инженеринг врз човечките души кој сите нѐ води во безизлезна ситуација“, констатираше Тадиќ.

Тој мисли и дека единството на опозицијата сега можеби е и невозможно да се зачува, и дека поради тоа се залага за формирање на една нова, голема, силна опозициска партија.

Тадиќ истакна дека Вучиќ, „храбриот човек, јуначиштето“ не смеел на граѓаните пред изборите да им каже што му е планот за Косово.

Поранешниот претседател на Србија очекува средбата која Ричард Гренел ја организира на 27 јуни во Вашингтон да се однесува на економијата, и дека ќе „создаде магла“ за политички преговори за некаков вид размена кои ќе следат.