Тажна вест: Почина малиот Илче од Охрид, чија приказна ја потресе јавноста

48

 

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, а кој потоа успешно беше лекуван на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде пред точно два месеца со насмевка замина, денеска Министерството за Труд и социјална политика потврди дека момчето синоќа ненадеjно починало.

-Со жалење информираме дека 11-годишното момче синоќа во групниот дом при Специјалниот Завод Семир Капија ненадејно починало. Детето беше примено таму на 7.август и според информациите на Специјалниот завод-Демир Капија, неговата здравствена состојба во изминатиот период била стабилна и постојано бил под надзор на стручни лица. По налог на Јавен обвинител, телото на момчето ќе биде предадено на обдукција со цел да се утврди причината за смртта.

Единаесетгодишниот Илче од Охрид, боледуваше од церебрална парализа, а имаше и други здравствени психички нарушувања. Во текот на летото беше напуштен од родителите, а откако беше пронајден сам во исклучително лоши услови, во тешка состојба беше хоспитализиран на Клиниката за детски болести во Скопје. По 10-дневно лекување, на 7.август беше испратен во групниот дом при Специјалниот Завод Демир Капија.