Талески има две асистенции во топ пет, едната е најдобра на денот (ВИДЕО)

7

Македонија доживеа дебакл против Австрија и го заврши настапот на Европското првенство, мала утеха е кога ќе ги видиме нашите репрезентативци во топ листите на денот.

Филип Талески има две асистенции во топ пет на денот. Едната е на четвртото место кога го проигрува Пешевски за погодок, а втората е најдобрата на денот, зад грб му додава на Манасков за нов гол.