Талески: Норвешка е голем фаворит, но ние не се плашиме од никого

9

 

Левиот бек на македонската ракометна репрезентација, Филип Талески, во пресрет на почетокот на Светското првенство 2023, најави борбена игра и максимално залагање против секој ривал на фаворитскиот статус.

– Имаме тешка група, но нема да се предадеме против никого. Добро се подготвивме за овој Мундијал. Наш прв противник е Норвешка која е фаворит за злато, но тоа не треба да не плаши. Досега многу пати покажавме дека можеме да се носиме со тешки противници. Зошто да не направиме изненадување? Играме ефикасно во нападот со многу голови. треба да се фокусираме повеќе на одбраната и од неа да произлезат наши контри, изјави Талески.

Македонската експедиција в четврток ќе отпатува за Краков, Полска каде ја очекуваат натпревари со Норвешка (13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).