Таравари: ДУИ се како мали деца

12

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во гостувањето на Утрински брифинг на Слободна ТВ негираше дека Албанија и Косово се мешаат во политиката во Македонија кај албанските машини.

„ДУИ се како мали деца. Навикнати да дојдат групи од Косово да им помогнат за гласања. Официјална Тирана да ги поддржува е нормално. Не е точно дека Албанија или Косово се мешаат во македонската политика. Ние имаме пријатели и во Косово, кои сакаат промена во албанскиот блок“, истакна Таравари.