Таравари за тв 24: Груевизмот сега го имате повеќе во ДУИ, одошто во ВМРО-ДПМНЕ

22

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во Студио 10 рече дека по иницијатива на Конрад Аденауер организира средба на десничарските партии кои се наречен изградбат на мостови за соработка и пред тоа добиле одредени позитивни сигнали од ВМРО-ДПМНЕ.

„На самата средба во хотел Хилтон изрази жалење за случките од 27 април, а одредени луѓе кои мислевме дека се организатори на тие настани кои за нас негативни ликови Мијалков, Муковски, Тодорови за кои се знае дека сега се дел од СДСМ и помгааат на партијата. Оние што упаднаа во Собранието се хохштаплери и наркомани на кои Мијалков им дава наредби и ќе одат кај ќе им каже. Прашајте граѓани со кого е поблизок Мијалков, а јас знам дека го исклучија од ВМРО.“ – рече Таравари.

Смета дека има огромни мистерии како Груевски побегнал, сигурно Мицкоски не му помогнал. Најблиските луѓе на Груевски беа Ахмети и Мијалков. 10 години, Груевски не гласаше за Села или Таравари или Алијансата. Груевски седеше на власт како поддршка на Ахмети, рече Таравари.

„Денеска Ахмети е партнер на Заев, и тоа не партнер поради бројките, туку го заштитува со сите државни механизми. Груевизмот сега го имате повеќе во ДУИ, одошто во ВМРО-ДПМНЕ. Мијалков беше една од помрачните фигури во ВМРО-ДПМНЕ. Колку што знам, Муковски има добри бизниси со СДСМ, а Тодоров го брани СДСМ, а тој е човекот кој го уништи образованието и здравството повеќе од секој друг во последните 20 години. Мозокот на злата што се случуваа во времето на груевизмот ортаци на Груевски беа Ахмети и Мијалков и тие беа луѓето кои ги правеа сите организаирани акции во државата кои не беа демократски.“ – рече Таравари.