Таравари на „Твитер“ повика на смирување на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија

10

 

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, во објава на „Твитер“ изразува загриженост од зголемените политички тензии во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, и ги повика институциите да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии.

– Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата, објави Таравари.