Таравари: Победувам во првиот круг

4

Кандидатот за градоначалник на Алијанса и Алтернатива и актуелен прв човек на Гостивар, Арбен Таравари објави дека остварил победа уште во првиот круг над својот опонент Невзат Бејта. Во изјава за медиумите тој информира дека останува на позицијата и во Гостивар нема да има гласање на 30 октомври.

„Поминуваме од прв круг. ДУИ се обидува да прави проблеми со записниците, но имаме 53 отсто од гласовите од избројани 98 отсто од гласачите кои денеска одлучувале кој ќе биде градоначалник на Гостивар. Победуваме во прв круг“, изјави Таравари.