Таравари се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон

6

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет се сретна со британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон.

-Му се заблагодарив на амбасадорот Лосон за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Со амбасадорот Лосон се согласивме дека во овие турбулентни времиња за континентот, внатрешната политичка стабилност е гаранција за економски развој, зголемени странски инвестиции и просперитет за граѓаните на земјата, вели градоначалникот Таравари.

На средбата се разговарало за економскиот и културниот потенцијал на Гостивар, како град модел на соживот, а градоначалникот и амбасадорот се согласија за интензивирање на соработката меѓу Амбасадата на Обединетото Кралство и општина Гостивар во областите од заеднички интерес.