Таравари со порака до СДСМ и ДУИ: Не ви се плашиме воопшто

5

На денешната прес конференција градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ја обвини новата Влада дека и натаму се занимава само со општините кои ги води Алијанса за Албанците.

“Во овие 2-3 недели нема ден во кој во општините Гостивар, Врапчиште и Боговиње нема влезено јавно обвинителство, финансиска полиција или инспекција. Ние до сега од Владата очекувавме одговори каде е куферот на Боки или расчистување на случајот со Ден Дончев, но очигледно дека продолжува притисокот кон Алијанса за Албанците. Затоа имам една порака до СДСМ и ДУИ: не ви се плашиме воопшто и ќе ви бидеме трн во око за секој криминален потег” порача Таравари.

На прес конференцијата најави дека Алијанса за Албанците во следните денови ќе одржи Централно собрание на кое ќе ги донесе следните одлуки за понатамошно делување против новата Влада. Потенцираше дека за нив е неприфатливо одржување на он-лајн седници на Собранието.