Таткото на Беливук ги разнел со бомба сопругата и нејзината мајка – масакр извршен во Белград

91

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ доаѓаат од целосно различни семејства и социјални сталежи, но и двајцата го избрале патот на криминалот, дрогата и насилството.

Небојша Беливук, татко на Вељко Беливук извршил масакр пред точно 26 години во семејниот стан во Белград кога активирал рачна бомба, открива Курир.рс

Како што медиумите во 1995 година пишале, 34-годишниот Небојша Беливук на 13. февруари активирал експлозивна направа и се убил себеси, својата 31-годишна сопруга Бранка и нејзината 55-годишна мајка Мирјана. Во тој момент во станот бил и таткото на Бранка, како и неговата мајка, кои биле повредени, а во станот тогаш биле и 9-годишниот Вељко и уште едно дете.Ти за чудо преживеале разорна експлозија, која го демолирала целиот стан.

Станарите на оваа зграда и ден денес се сеќаваат на трагедијата. Беливук самиот зборувал за тоа дека порансал без родители, и тоа на судење. Кога бил обвинет за напад во 2016 на обезбедувањето на Милош Вазура. Тогаш рекол дека човек од обезбедувањето кажал пцоивка за неговата мајка.

Вељко е навивач во навивачката група Јањичари. Навивачката група му служела како параван за вршење на различни кривични дела, меѓу кои и оние најмонструозните.

Од друга страна, Марко Миљковиќ без грам човечност мачел жртви и им вадел очи, сечел уши, носеви, глави и поради тоа го добил надимакот „месар“.