Татко и две деца од Британија се удавија во базен во Шпанија

8

Тројца членови на британско семејство, татко и две деца, се пронајдени мртви вчера во базен во одморалиштето Коста дел Сол, на југот на Шпанија, каде престојувале.

Андалузијската регионална влада објави на Твитер дека полицијата стигнала на местото на несреќата. Таму ги пронашла телата на 53-годишен маж и две деца на возраст од 9 и 16 години, како лебдат на површината на водата во базенот.

„Полицајците утврдиле дека тие се мртви и не можеле да направат ништо за да им помогнат“ се вели во објавата и се додава дека полицијата го истражува инцидентот.

Психолози се упатени на местото на настанот за да помогнат на другите членови на семејството на починатите.

Очевидци рекле дека таткото и 16-годишниот син скокнале во вода за да ја спасат ќерката која се давела, но на крајот сите се удавиле.

На ресортот Коста дел Сол има неколку базени, скокалници и разни реквизити за забава.