Тачи: Алтернатива на Гаши можно е да се финансира од луѓето на убиениот Касим Сулејмани

4

Во вечерашното гостување на ТВ21 во дебатниот магазин „ClickPlus”, лидерот на ДПА Мендух Тачи упати сериозни обвинувања за почитичката партија Алтернатива. Рече дека таа партија која се финансира од сомнителни извори, нешто од Турција, нешто од Иран.

„Земети ги анализирајте ги прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива. Тие се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани од Иран“, вели Тачи кој што напомена дека држаата е нема во односот на начинот на финансирање на Алтернатива.

„На книгите испечатени од Логос-А, ги има имињата на А.Г. и З.И. кои земаат хонорари по 4-5 илјади евра за една книга, а реално рецензиите се плаќаат по 500 евра на луѓе од Албанија. Па вие видете каде одат тие пари“, кажа Тачи.