Тачи го возвраќа ударот: Помирувањето не може да се постигне ако се негираат злосторствата

6

Претседателот на Косово, Хашим Тачи реагираше на изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој ја оцени како „застрашувачка” одлуката на судот во Приштина за поранешниот министер за администрација и локална самоуправа во косовската влада, Иван Тодосијевиќ.

Имено Иван Тодосијевиќ е осуден на две години затвор, а Вучиќ рече дека тој е „чесен Србин од Звечан” и дека во 1999 година во Рачак се работело за „фабрикувано злосторство, каде што сè било фалсификувано од светскиот хохштаплер и измамник Вилијам Вокер”.

Тачи рече дека мирот, помирувањето, стабилноста и правдата не може да се постигне ако се негираат злосторствата.

-Гледам дека официјални лица на Србија не го признаваат едно од најголемите злосторства врз цивилите кое се случило во Европа, кое е потврдено од Трибуналот за Воени Злосторства во Хаг, како што е Рачак. Геноцидните политики на Србија не може да се бранат. Тие треба да бидат осудени. Мирот, помирувањето, стабилноста и правдата не може да се постигне ако се негираат криминалните дела- напиша Тачи.