Тачи за преговорите со ЕУ: Одлуката е важен чекор за земјите, за Албанците и за целиот регион

10

Одлуката на Советот на министри на Европската унија за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија е важен чекор кон европската интеграција за овие две земји, за Албанците и за целиот наш регион, смета претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тој на социјалните мрежи напиша дека и покрај постојаните неправди, конечно Европската унија започнала да донесува одлуки засновани и желбата за еднаков третман кон сите држави од Западен Балкан.

За жал, вели Тачи, Европската унија продолжува да го дискриминира Косово оставајќи го само и сè уште без статус на членство на земја-кандидат.

„Ова е најголемата стратешка грешка што Европската унија ја прави против Косово“, додава Тачи во објавата на социјалните мрежи.