Тачи му оддаде почит на првиот партиски претседател на ДПА, Џафери по повод 75 години од раѓањето

5

 

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи му оддаде почит на првиот партиски лидер Арбен Џафери на неговиот гроб по повод 75 години од денот на раѓањето.

-Денеска е голем ден, 75 години од раѓањето на Арбен Џафери. Голем интелектуалец, политичар, кој даде голем придонес за Албанците, поточно за Албанците во Македонија. Од неговото доаѓање во 1993 се поставени филозофските и политичките контури на дејствувањето на Албанците, т.е демократското дејствување и патот кон Европа и патот кон НАТО. Политиката, животот – се мери со успеси, а во политиката со уште нешто друго. Колку како лидер сте придонеле да не доаѓа до големи крвопролевања меѓу луѓето и народите. Мислам дека Џафери дал голем придонес за тоа, порача Мендух Тачи.

Џафери е роден на 24 јануари во 1948 година, а почина на 15 август 2012 година. Џафери беше претседател на ДПА до 2007 година. Беше и еден од четворицата потписници на Охридскиот рамковен договор во 2001 година.