Тежината на туѓа одговорност

21

Мозаикот треба да се гледа целосно, треба да бидеме објективни и  признаеме дека овој пат главната пречка беше кај Ајфеловата кула. Затоа не изгледа разумно да некој се обвинува и да носи одговорност заради не единство на ЕУ, кој можеби и воопшто не се однесува со вистинските критериуми.

 Од Даут ДАУТИ

Пролетните избори не се први што се предвремени, сме ги виделе како тактички движења и порано. Меѓу една оставка после „неуспехот“ од француското НЕ за да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, и не загрижувањето околу тоа што се случи, премиерот Заев понуди трета можност: да му ја „исполни“ желбата на опозицијата, за предвремени избори, што му беше барано од време на време, можеби охрабрена од „неуспесите“ на владата.

Долго очекуван настан, како тој на Самитот на ЕУ, кој личеше на оној на НАТО пред 11 години во Букурешт, каде „се беше сигурно“, беше игран еден трилер со лош завршеток за Северна Македонија. Не е од тие трилери каде се оди наопаку и на крајот доброто победува, туку од тие каде што една романтиката ненадејно добива непријатен крај. Поразот во Брисел од инсистирањето на францускиот претседател, да ги остави надвор од ЕУ, Македонија и Албанија, после сите жалења на европските и американските лидери за „ирационална“ постапка, ги врати дебатите во земја, каде актерите ќе се обидат да ги материјализираат нивните политички сметки.

Кога се отвораат дебати, се разбира,секој удира на својата жица, заборавајќи ги намерно причините за неуспехот. Секако дека има многу недовршени прашања во планот за исполнување на критериумите, како за Македонија, а уште повеќе за Албанија, но главното беше необјаснета фобија на францускиот претседател од приемот на овие две земји, особено на Албанија, поради преголем проблем на албанските азиланти. Само Франција се соочува со таков проблем. Албанците, кои патуваат без виза, од европските дестинации, како помалку посакувано место  би ја имале Франција, како помалку атрактивна земја за работа и плати, туку нејзиниот претседател, тие неколку илјади азиланти го „исплашиле“ прекумерно … Ова фобија, можеби  беше главна причина за не добивање на датум, тоа го видовме јасно. Уште повеќе, тоа беше историска грешка, или неуспех, што самите највисоки органи на ЕУ, го истакна со резигнирање. Тие сами, значи, го рекоа дека беше голема грешка… Тоа упорно се обиде да им го објасни и  Еди Рама, во петок пред на аналитичарите што го испотија во емисијата на Бленди, кои повеќе му ги потсетија на внатрешните недостатоци!

Меѓутоа, на скептиците и критичарите,  овој „неуспех“  им дојде како  „кец на десетка“ (израз позајмен од соседните јазици)  за да ги прогласи неуспешни владите, за да ја зајакне опозициската кауза против нив. Не што нема да му се прават забелешки на владите за нивното недоволно ангажирање за да ги извршуваат домашните задачи, туку особено во случајот со Македонија, тие не се вистински причини за не добивање на датум за започнување на преговорите. Затоа и тактичкиот потег на Заев да се оди на избори беше „да го сподели разочарувањето со измамениот“, а не поради тежината на одговорноста на неговата влада. Опозиционите гласови, се разбира, во ова безредие и можат да удираат на нивната жица, но оценето објективно, нема потреба да се бара оставка ниту од премиерот, ниту од неговите министри, одговорни за патување кон Европа (тој за европски интеграции и за надворешни работи). Бидејќи, овој пат вината за неуспехот не е нивна, туку кај инсистирањето на Макрон, кој беше критикуван од многу негови европски колеги и од самите органи на ЕУ, кои како да сакале да велат дека ние сме подготвени, но тој е механизмот за донесување одлуките, една држава може се да расипува.

Во следните денови после 18 октомври, продолжија напорите за корекција на грешката и тоа резултираше со резолуција на Европскиот парламент каде се истакнува дека ЕУ нема да се откаже од стратегијата за проширување и каде се сугерира добивањето на датумот да се случи можно што поскоро. Тоа, за да им даде сигнал на балканските земји дека ЕУ не им ги затворил вратите засекогаш, како што многумина ја разбираа една изјава која не оставаше многу простор за толкувањето на Макрон. Дали ќе „рефлектира“францускиот претседател после оваа резолуција, кој, од било која причина, сака да ги посетува државите што им ја затвори вратата, останува да се види. Еди Рама објасни дека сигналите биле јасни за добивање на датумот за почеток на преговорите, затоа што практично не остана некоја пречка за тоа, затоа и земјите на ЕУ и нејзините органи вината и срамот ја преземале врз себе. Тој го посочи жртвувањето на Македонија со промената на името, што Заев го фати тесно пред своите граѓани, што го принуди да побара верификација  на патот, дали има или нема поддршка после сето тоа што го стори, и тука тој го гледа специфичноста што ги разликува Албанија и Македонија и што логично и постапките поле самитот на ЕУ, ги прави препознатливи меѓу соседите.

Францускиот амбасадор, можеби чувствувајќи го притисокот на целото европско јавно мислење, се обиде да му даде смисла на ветото на неговата земја, велејќи дека прашањето за надминување на спорот за името со Грција е само еден аспект, но не и единствениот услов.  На овој начин, тој се обиде да му даде содржинско значење на ветото, значи, фрлајќи го на теренот на неисполнувањето на критериумите (што се разбира дека има многу што, но истите други земји ги оценија со „преодна“ оценка!), што после сето тоа што е речено после Самитот во Брисел, не звучи толку убедливо.

Гледајќи го мозаикот во целост, со сите негови квадрати, иако нашите држави имаат многу што да направат во многу области, треба да сме објективни и да признаеме дека овој пат главна пречка беше кај Ајфеловата кула. Затоа, не се чини оправдано да никој, во овој случај владата на Скопје и Тирана, да се обвинат и да носат одговорност  поради неусогласеноста на ЕУ, што можеби воопшто не беше резултат на неисполнувањето на критериумите на земјите аспиранти.

 

* * *

 

Франција или Холандија можат да бидат комотни во поставувањето на условите за балканските земји, но тоа не може да биде покритие за некои феномени што ја засрамуваат земјата. Иако не спаѓа во критериумите што ги поставил Европа, Северна Македонија не може да се ослободува од некои атавизми кои повремено дигаат  глава како лоши духови, како во оние хорор филмови на Карпентер!

Дали е прашање на манипулација, или ксенофобичен дух што извира од длабочините на фројдовска стисура сентиментализам, (што Фројд тука ?!), овие манифестации им фрлат црна дамка на земјата и го девалвираат секој успех во релаксирањето на меѓуетничките односи! Пред извесно време во Идризово, неодамна во Чашка на Велес, бесрамно се протестираа против наставата на мајчин јазик. Тоа не се само израз на недемократска волја и отворено антиалбанство, туку и безобразен повик да не се почитуваат сите досегашни устави (дека правата не се измислени сега, туку беа во секој устав) на Македонија, во кои се гарантира учењето на мајчин јазик на сите заедници, туку е во спротивно со сите меѓународни конвенции што Македонија ги има прифатено.Зошто ова враќање назад, зошто токму сега, дали е случајно, дали е поврзан со политичките судири меѓу двете македонски партии и исто времено порака до албанските партии, дали е тоа повторно враќање на надминати теми како увертира за претстојните избори? Што и да е, кон овие срамни постапки треба да има јасно дистанцирање, како од Владата, како од македонската опозиција. Од второто, уште посилно, за да докажува дека го почитува уставот и ја брани слободата и правата што ги гарантира уставот, затоа што многумина можат да ги адресира токму нејзе како манипулација…

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)