Телефонски разговор Рама-Зеленски

11

Албанскиот премиер Еди Рама остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За разговорот на Твитер објави Зеленски кој наведува дека освен честитките по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, разговарале и за состојбата на воениот фронт. Тој наведува дека ја истакнал важноста од зголемена помошта за безбедноста на Украина, бидејќи на 24 февруари се навршува една година од почетокот на војната.

– Имав телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама. Тој ја честиташе 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите земји и го најави отворањето на амбасадата во Киев. Разговаравме за ситуацијата на фронтот, важноста од зголемување на безбедносната помошта во Украина и поддршката на нашата Формула за мир, пишува Зеленски.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, а потоа и Рама на социјалните мрежи објавија дека Албанија ќе отвори амбасада во Украина, која има амбасада во Тирана.