Тензиите во САД растат како што продолжува пребројувањето на гласовите во клучните држави

35

Тензиите се зголемуваат низ Соединетите држави, како што продолжува пребројувањето на гласачките ливчиња во неколку клучни држави, оставајќи го резултатот непознат повеќе од 24 часа по затворањето на избирачките места на претседателските избори.

Демократот Џо Бајден води пред претседателот Доналд Трамп откако доби големо засилување со клучните победи во Мичиген и Висконсин.

Со пребројувањето на гласовите во четири клучни сојузни држави – Аризона, Џорџија, Пенсилванија и Невада – што траеше во текот на ноќта, предноста на Бајден е 253 изборни гласови наспроти 214 за претседателот Доналд Трамп.

Откако Трамп инсистираше без докази дека има големи проблеми со гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња и откако републиканците поднесоа тужба во повеќе држави за време на изборите, десетици лути приврзаници на Трамп се собраа во центрите за броење гласови во Детроит и Феникс.

Во меѓувреме, илјадници демонстранти против Трамп излегоа на улиците низ градовите низ САД со барање изборни работници да го комплетираат броењето на гласачките ливчиња.

Победите на Бајден во Мичиген и Висконсин го оставија Трамп, кој ги освои двете држави во 2016 година, со помалку опции за победа.

Изборниот штаб на актуелниот републикански претседател рече дека ќе бара пребројување во некои окрузи во Висконсин, иако изборните експерти велат дека маргината на победата ќе биде тешко да се надмине при пребројувањето на гласовите.

Бајден е пред Трамп во Висконсин со 49,6 проценти на 48,9 проценти. Кандидатот може да побара пребројување на гласовите ако маргината на победа е помала од 1 процент.

Бајден изјави дека очекува да победи на изборите. „По долга пребројување, јасно е дека освојуваме доволно држави за да достигнеме 270 изборни гласови потребни за да ја добиеме претседателската функција“, рече Бајден, додавајќи:

„Не сум тука за да изјавам дека победивме, но тука сум за да известам дека кога ќе заврши пребројувањето, веруваме дека ќе бидеме победници“.

Претходно, на видеа на локалните избори во Мичиген беа прикажани луѓе кои се собираат пред изборниот центар и извикуваат „Стоп за пребројувањето!“ и „Стоп за гласањето!“.

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба во обид да го запре пребројувањето, барајќи од демократскиот државен секретар на Мичиген да дозволи повеќе инспектори.

Тензиите во Мичиген траат со месеци со страхување од потенцијално политичко насилство.

Во меѓувреме, кампањата на Трамп, исто така, поднесе тужби во Пенсилванија и Џорџија со кои сака да го запре броењето на гласачките ливчиња на некои места и барајќи подобар пристап за набљудувачите на кампањата во други места.

Тужбите беа поднесени и покрај немањето докази за какво било нарушување или непрописност од изборните службеници при броењето на гласовите.

Трамп повика на прекин на пребројување на гласовите иако официјалните лица изјавија дека милиони легално поднесени гласачки ливчиња допрва треба да бидат преброени.

Неколку од тврдењата беа изнесени на платформите на социјалните мрежи кои бргу ги означија како погрешни.

Изборните службеници предупредуваа дека поради пребројувањето на гласачките ливчиња, резултатот може дополнително да се смени.

Штабот на Бајден соопшти дека има правници подготвени да му се спротивстават на претседателот, нарекувајќи ги неговите коментари „безобразни, невидени и неточни“.

Бајден победи во Висконсин и Мичиген, Трамп бара прекин на броењето на гласовите во три држави
„Срамота е, бидејќи станува збор за гол обид да се одземат демократските права на американските граѓани“, се вели во соопштението.

Изборните службеници се обидуваа да ги обработат гласачките ливчиња од рекордниот одзив од предвременото гласање и по пошта, поради пандемијата на коронавирус.

Многу држави, вклучувајќи ги Пенсилванија и Мичиген, според државниот закон, не започнаа со обработка на предвремените гласачки ливчиња до денот на изборите, што доведува до одложување на изборните резултати..