Тепаниот Трајковски дојде сам во суд за „ТНТ“

7

Обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски денеска, после неколку отсуства, дојде на судското рочиште за предметот “ТНТ” во кој тој е обвинет.

Тој претходно не доаѓаше во рочиштата, бидејќи, како што тврдеше неговиот адвокат бил претепан од засега непознати напаѓачи. На едно од претходните рочишта судијата Огнен Ставрев се разлути поради неговото отсуство како обвинет од рочишта, па нареди и стражарно спроведување. Во меѓу време во овој предмет оставка поднесе поротничката Лилјана Ивановска Кочковска и на нејзино место доаѓа нова поротничка и уште еден резервен.

Судењето за “ТНТ” почна пред две години и сега повторно е на самиот почеток. За ниту еден од обвинетите нема притвор, единствено Миле Јанакиески е во домашен притвор, одреден за друг случај, процесот 27 април. На унгарскиот азилант Никола Груевски му се суди во отсуство.